Порастот на температурите, кој неделава според најавите на синоптичарите во одредени региони ќе го надмине четириесеттиот степен ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна и претставува потенцијална опасност и за здравјето на животните
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес во Гостивар одржа трибина со претседатели на здруженија на одгледувачи на овци и кози од севрозападниот регион на Македонија.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.
Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот 11-12 јуни 2025 година беше коорганизатор заедно со Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА) на последниот тренинг курс - обука за проценка на ризик од А до Ш - Работилница 3, што се одржа во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.
Како контакт точка на Агенција за безбедност на храната на Европската унија (EFSA), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е дел од кампања Safe2Eat насочена кон зголемување на довербата на потрошувачите за безбедноста на храната, во Европската унија (ЕУ) и кај нас.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) др Оливер Миланов, денес во Белград, Република Србија, учествува на првиот состанок на проектот „Контрола на Aфриканска чума кај свињите: од теорија до пракса“
По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на циклус обуки за едукација на потрошувачите за безбедноста на храната. Во петокот, во скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин, педесеттина ученици од трета и четврта година, присуствуваа на првата едукативна работилница
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Организацијата на Обединети нации (FAO), денес почна со реализација на активностите во рамки на симулациската вежба за болеста чума кај мали преживари, која ќе се одржи од денес до четврток.