Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни количини млеко и над 600 млечни производи на компанијата „Лакталис“ за кои Француската влада соопштила дека се повлекуваат од продажба поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела.
Мобилната апликација Органски пат претставена и пред АХВ
Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед и претставници од Одделението за заштита на потрошувачите, денес одржаа работен состанок со првите луѓе на Организацијата на потрошувачи на Македонија, здружението на агроновинари на Република Северна Македонија Медиа плус и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит. Претставниците на невладиниот сектор го образложија проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија, кој заедно го реализираат трите невладини организации.
ФАО им помага на ветеринарите на Балканот, во Источна Европа да се борат против болестите кај говедата
Теренски прирачник на ФАО за ветеринари за болеста Чвореста кожа е сега достапен на шест јазици да помогне во превенирање и контрола на оваа болест кај говедата која зема замав во Европа од 2015 година. Ова е надополнување на неодамна спроведената обука за обучувачи во Македонија со помош на ФАО, за болеста која исто така ги напаѓа преживарите - Син јазик.
Министрите за земјоделство ја поддржаа посветеноста на Светската организација за здравствена заштита на животните да ја обликуваат иднината на сточарството
На 20 јануари 2018 година во Берлин, Германија се одржа десеттиот Глобален форум за храна и земјоделство на кој учествуваше и г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. На Глобалниот форум учествуваат вкупно 69-те делегации на министри кои до генералниот директор на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) доставија документ со предлози за преземање активности во насока на дефинирање иднината на поодржливо, одговорно и ефикасно сточарско производство.
Нема нови случаи на птичји грип, состојбата будно се следи
Состојбата во струшкото село Мороиште е мирна и будно се следи. До овој момент, сите земени брисеви за утврдување птичји грип се негативни, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Денеска, информира Поповски, се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри. За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.