Успешно спроведени обуки на царинските службеници од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов денес во Царинската управа оствари билатерална средба со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, со кој разговараа за успешно спроведените обуки на царинските службеници од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.