Фадил Асани, заменик директор на Агенција за храна и ветеринхарство (АХВ) и в.д Сузана Поповска, раководител на Секторот за меѓународна соработка при АХВ, денес одржаа работен состанок со Др Лутфи Сунар, Ректор на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје и Сејхан Муртезан Ибраими, Генерален секретар на оваа високобразовна научна установа.
Покрај размена на искуства во областите кои се во надлежнот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Универзитетот, на состанокот разгледани беа и можностите за идна соработка на Агенцијата и Универзитетот.

Претставниците на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје го информираа Асани дека се во фаза на акредитација на неколку лаборатории и нови студиски програми од областа на здравството, каде може да се насочи и унапредува идната институционална и меѓународна соработка. АХВ, заклучи Асани, како одговорна институција, активно работи на унапредување на воспоставените системи за контрола на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, области каде секогаш е добредојдена и научна и експертска соработка.