Се унапредува концептот „Единствено здравство“ за управување со зоонозите
Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство во соработка и со поддршка од Светската Здравствена Организација (СЗО) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), од 11-13 Септември 2019 година во Скопје, одржува работилници за унапредување и засилување на приодот „Единствено здравство“ за управување со заразните болести на животните и хуманата популација - зоонозите.