МИК ги презентираше новите технологии во производството
На покана на менаџментот на компанијата МИК Свети Николе, директорот Зоран Атанасов придружен со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство беше во посета на објектот и оствари средба со првите луѓе на компанијата. МИК Свети Николе е компанија со повеќе од 60 години постоење и традиција на производство на полутрајни, трајни и конзервирани производи од месо, а во рамките на својот капацитет има и кланица.