Атанасов одржа работен состанок со директорот на Подравка во Македонија
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денес одржа работен состанок со Игор Маниќ, директор на компанијата “Подравка” во Република Северна Македонија. На состанокот Маниќ изрази задоволство од досегашната транспарентна и ефикасна соработка со Агенцијата и иницираше соработка за размена на искуства меѓу бизнис заедницата и администрацијата на полето на примена на најсовремените технологии во производството на храна и консултација на бизнис секторот при имплементирање на новите европски регулативи од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните во националното законодавство.