Потврдена болеста Њукастел на фарма за бројлери во Гази баба
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината, која на осми овој месец, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е лабораториски потврдена во одгледувалиште на бројлери во општина Гази Баба. Во одгледувалиштето наложено е убивање и нештетно уништување и на угинатата живина, како и повлекување и уништување на дистрибуираната количина месо од живина кое потекнува од ова одгледувалиште.