Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Со помош на ФАО се одржуваат обуки за рано препознавање на болестите Син јазик и Чвореста кожа

11.10.2017
Со помош на ФАО се одржуваат обуки за рано препознавање на болестите Син јазик и Чвореста кожа

Подигнување на јавната свест и зајакнување на контролата на вектор преносливите болести кои иако нетипични за овие простори, од неодамна се присутни и во регионот и во Република Северна Македонија. Како да се препознааат болестите Јазлеста кожа и Син јазик, каква е улогата на векторите во пренесувањето на болестите, кои се мерките кои треба да се преземат за да се спречи нивното ширење, како да се препознаат клиничките слики на овие до неодамна непознати болести, како да се дијагностицираат. Ова се дел од темите за кои преку теоретски и практичкни примери до крајот на месецов, во осум работилници, ќе се едуцираат 250 ветеринари од ветринарните друштва во Република Северна Македонија, педесеттина официјални ветеринари епизотиолози од Агенцијата за храна и ветеринарство и десттина советници за сточарство од Агенцијата за поттикнување на бразвојот на земјоделството. Обуките за обука на обучувачи до крајот на овој месец ќе се реализираат во рамки на проектот за прилагодување на земјоделското производство кон климатските промени, кој Организацијата за земјоделство и храна на Обединентите Нации – ФАО, го спроведува во Република Северна Македонија. До крајот на месецов, вакви регионали обуки ќе се одржат и во Кратово, Прилеп, Кичево, Свети Николе, Скопје и во Тетово.
Во изминативе години, појавата на новите болести кај животните на европскиот континент, како што се и Синиот јазик и Чворестата кожа се последица на климатските промени кои стануваат се поизразени во изминативе години. Поради оваа причина и овие обуки се реализираат во рамки на овој проект на ФАО. За справување со болестите кои беа актуелни во изминатите години и кои направија сериозни економски штети, неопходен е регионален пристап во превенцијата и преземањето на мерки за спречување на појава и евентуално ширење на болестите. Првенствено, неминовно е беспрекорно фунционирање на националните чинители во системот на заштита на здравјето на животните, почнувајќи од фармерот, ветеринарните друштва, лабораториите и институциите на системот.
Од исклучителна важност е и почитувањето на законската обврска за пријавување на секој сомнителен случај од страна на сточарите и од ветринарните друштва, бидејќи како институција и како држава на тоа не обврзува и домашното и европското законодавство. Вакцинацијата е најсигурна, но не и единствена мерка за превенција и заштита од вектор преносливите болести како што се Чворестата кожа и Синиот јазик. Фармерите мора да посветат особено внимание и на употребата на репеленти, хигиената во самите фарми, складирањето на изметот и друго, а надлежните органи да обрнат особено внимание при уништувањето на труповите од угинатите и убиените болни животни согласно стандардите за заштита на животот и здравјето на луѓето, животните и заштитата на човековата околина.
Преку показна вежба на присутните им беа презентирани личните биосигурносни мерки кои треба да ги преземат официјалните ветринари при посета на фармите, со цел да се спречи евентуалното ширењето на болестите.

Категорија