Генетски модифицираните организми (ГМО) може да се дефинираат како организми (т.е. растенија, животни или микроорганизми) во кои генетскиот материјал (ДНК) е изменет на начин што не се јавува природно со спарување и/или природна рекомбинација. Технологијата често се нарекува „модерна биотехнологија“ или „генска технологија“, понекогаш и „технологија на рекомбинантна ДНК“ или „генетски инженеринг“. Овозможува одбрани поединечни гени да се пренесат од еден во друг организам, исто така помеѓу неповрзани видови. Храната произведена од или користејќи ГМ организми често се нарекуваат ГМО храна. Генетски модифицирани организми (GMO) се широка група на растенија, животни и бактерии што се добиени со инжињеринг за најразлични примени од земјоделско производство до научни истражувања.
Потенцијални несакани здравствени ефекти по човековото здравје од ГМО се aлергија на храна, зголемена токсичност на храната, намалена нутритивна вредност и развивање на антимикробна резистенција.
Во овој документ е опишана и постапката за авторизација/одобрување на ГМО во ЕУ која е уредена со Регулативата (EC) бр. 1829/2003 на Европскиот Парламент и на Советот на Европа, мислењето на ЕФСА, проценките на ГМО апликациите, научните мислења за ГМО, направени од ГМО Панелот на ЕФСА за 2023 и 2024 година, како и preDQ софтверска алатка базирана на математички модел за предвидување на врзувањето на пептидите за протеините HLA-DQ2 и HLA-DQ8 специјално дизајнирана и развиена од ЕФСА за пациентите со целијакија (глутен сензитивна ентеропатија).
Овој документ, е изработен во 2023 година, а дополнително ревидиран и надополнет во 2024 од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).