Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Во организација на Секретаријатот на Кодекс Алиментариус (во натамошниот текст Кодекс) и домаќинот на овој комитет, Франција, од 07 до 17 февруари 2021 година се одржа 32та сесија на Кодекс Комитетот за општи принципи, на која  учествуваа и претставници од Република Северна Македонија.
На барање на Европската комисија, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) треба да обезбеди научно мислење со цел да даде поддршка во развојот на идниот систем за обележување на храната на предниот дел од пакувањето кој ќе се користи на целата територија на Европската унија.
По епидемијата предизвикана од SARS-CoV-2 на фармите со феретки низ цела Европа во 2020 година, Европската комисија побара од Европската агенција за безбедност на храна и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) да подготват научен извештај во кој ќе предложат повеќе опции за подобрување на стратегиите за мониторинг, кои ќе помогнат во контролата на ширењето и спречувањето на SARS-CoV-2 вирусот кај животните од фамилијата мустелиди (Mustelidae). Во оваа фамилија припаѓаат феретките, видрата, јазовецот, ласицата и други животни. 
Во 2021 година Самит за системите за храна, предводен од генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ќе биде дел од „Декадата за акција“ за постигнување на целите на одржливиот развој до 2030 година.
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 20-22 јануари 2021 година по пат на видео-теле конференција се одржа Експертска мисија за Потрошувачка (конзумација) на храна со која претседаваше Г-ѓа Светлана Томеска Мицкова- Раководител на сектор за ЕУ и меѓународна соработка, а како експерти од ЕУ учествуваа Г-ѓа Дарја Соколиќ, генерален менаџер и советник за безбедност на храна од Центарот за безбедност на храна- Хрватска.
Поради појава на ново жариште со болеста африканска свинска чума во Република Србија и спречување на можноста за евентуално нејзино пренесување и ширење и во Република Севрна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство денес донесе решение со кое го забрани увозот и транзитот на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија.
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) доби мандат од Европската комисија за проценка на ефективноста на некои од мерките за контрола на болестите од категорија А согласно Регулативата (ЕУ) 2016/429 за преносливи болести кај животните („Закон за здравствена заштита на животните“).
Секојдневно се вршат испитувањата во маркетите, пиљарите, се врши редовна контрола и никогаш не бил бројот на мострите земен да повеќе од десет мостри имаат некави минимални количини на резидуи кои не се опасни по здравјето на луѓето.
Паушални и невистинити се тврдењата објавени денес на интернет порталот skopjeinfo.mk, со кои во текстот со наслов “Домати и краставици во јануари - од пазар се враќаме со ќеси полни отрови”, тенденциозно и без аргументи, на граѓаните им се пласираат невистини бека јадат небезбедно овошје и зеленчук.
Најавените врнежи од снег проследени со ветер и пад на темепертурите, можат негативно да влијат на здравјето на животните, иако, повеќето видови, релативно добро ги поднесуваат ниските температури.