Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, учествуваше заедно со уште 82 држави и во која акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци. Акцијата се реализира во временски период од декември 2019 до јуни 2020 година.
Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и во прашање се доведува и здравствената заштита на оваа категорија животни. 
Африканската чума кај свињите (АЧС) е инфективна  болест на домашните и дивите свињи. Во последните неколку години драстично се зголеми бројот на земји кои се зафатени со оваа болест. Како резултат на утврдениот зголемен глобален ризик за сите земји и значајното влијание на болеста врз здравјето и благосостојбата на животните, безбедноста на храната, националните и глобалните економии, руралниот развој и социјалното и политичкото однесување, на 87-та генерално собрание на Светско собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) беше започната иницијатива за глобална контрола на АЧС.
Новонастанатата ситуација која ја наметна светската пандемија со корона вирусот и која и кај Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од март годинава наложи функционирање по нови правила, во нови услови, не е се одрази негативно на работењето и реализацијата на програмите за безбедност на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните на Агенцијата.
Најавата на метеоролозите за зголемување на температурите, го подигна алармот за заштита на луѓето од можно труење со храна. Високите температури претставуваат голем стрес за животните поради кои тие може да јадат помалку храна, имаат зголемена потреба за вода, а можно е и намалување на производството на млеко и слаб прираст. Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните и сточарите за нужноста од  преземање сет мерки за консумирање на безбедна храна и за заштита на животните и домашните миленици од високите температури. 
Во завршна фаза на реализација се активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка, со цел утврдување на степенот на ризик.
По пријава од надлежно ветеринарно друштво (08.07.2020 година), за сомнеж на болеста Син јазик кај овци и кози на територија на општините Македонски Брод и Кичево, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе епидемиолошко испитување во овие региони.
Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и официјални ветеринари се дел од педесеттина учесници од земјава на онлајн обуката која почнувајќи од 1 јули ќе се реализира во наредните 6 недели.
Агенцијата за храна ветеринарство во соработка со  Организацијата на  потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година, изработи прирачници наменети за операторите кои приготвуваат храна за градинките и основните  училишта.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес во рамки на теренските активности, посети три компании од земјоделско прехранбениот сектор од кавадаречкиот регион – мелничко пекарската индустрија „Жито Југ“, компанијата „Слога пром”, која се занимава со увоз и дистрибуција на месо и храна од неживотионско потекло и месната индустрија „Дироко”.