Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Декември 2024

Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје

23.12.2024
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење

АХВ дигитализираше 23 услуги за стопанството и граѓаните

20.12.2024
Дигитализацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е процес што го означува почетокот на новата ера во унапредувањето на работењето на институцијата, зголемена транспарентност и подобра ефикасност

Адитиви во храната

Стручната публикација - научна монографија "Адитиви во храната", 2023, е изработена од Д-р Виктор Арсов, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик од опасности во храна, нутриција и диети, вработен во АХВ, Сектор за проценка и комуникација на р

Адитиви во храната

Стручната публикација - научна монографија "Адитиви во храната", 2023, е изработена од Д-р Виктор Арсов, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик од опасности во храна, нутриција и диети, вработен во АХВ, Сектор за проценка и комуникација на ризик (СПКР), со над 18 годишно работно искуство и истата е каталогизирана во НУБ "Св.Климент Охридски", Скопје. Испечатена е во тврда копија а овде прикачена во електронска форма

АХВ објави повик за покажување на интерес за именување на пет члена заради формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните

18.12.2024
Соопштение за покажување на интерес за именување на пет члена од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштитата и благосостојбата на животните и едно лице претставник на невладините организации заради формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните. 

АХВ од Тетово почна нов циклус на обуки за препознавање на болеста чума кај малите преживари

18.12.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжи со спроведување на нов циклус работилници за запознавање на одгледувачите на овци и кози  со ризиците и начините на внесување на болеста чума кај малите преживари, која од неодамна е потврдена и во соседна Бугарија.

Одржана Експертска Мисија за Принципи на хармонизација на ЕУ легислатива со националното законодавство во однос на ветеринарно медицински препарати 

16.12.2024
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 10 до 13 декември 2024 година во Скопје се одржа Експертска мисија за Принципи на хармонизација на ЕУ легислативата со националното законодавство во однос на ветеринарно медицински препарати. 

Од скопско ,,тобако,, уништени околу 2 тони небезбедна храна

13.12.2024
По доставената иницијатива  од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола во кај оператор со храна кој стопанисува со киосци ( тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. 

Вегетаријанство

Ставовите, погледите и позициите изнесени во ова публикација не секогаш го претставуваат службениот став и позиција на Агенцијата за храна и ветеринарство. Авторите на публикацијата ги имаат направено сите напори да се избегнат технички и други грешки во публикацијата.  Публикацијата е исклучиво наменета за едукативни и промотивни цели.