Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители

29.12.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа  поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде  се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица. 

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна. 

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.
 

Ознаки
Категорија