Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се отповикува Чипс со вкус на балсамико и домат 150 гр, поради зголемено присуство на акриламид

30.12.2024
Отповикување

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), доби известување од операторот со храна  ДТГМУ ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, ул. Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје, дека зголемено ниво на акриламид во серијата L1100526, од пазарот гo повлекува производот Чипс со вкус на балсамико и домат 150 гр.

 

 

 

Сериски број/лот L1100526 
Рок на употреба 22.03.2025.
Производител:OK SNACKS (земја на потекло Данска)
Увозник во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Дистрибутер во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
 
АХВ како одговорна институција за безбеднoста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови  на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.
 

1

 

2

 

Ознаки
Категорија