Употребата на енергетски пијалоци меѓу учениците значително е зголемена бидејќи со нивната конзумација тие имаат повеќе енергија и моментално ја подобрува нивната концентрацијата, но на долг рок овие пијалоци можат да предизвикаат сериозни здравствени последици.
Агенцијата за храна и ветеринарство оваа година се приклучи на 19-тиот Светски ден на беснило - 28 септември. Овогодинешното мото „Делувајте сега: вие, јас, заедниците“ Ве повикува вас, мене и нашите заедници да преземеме одговорност, да работиме заедно и да поттикнеме вистински промени.
Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ), Фадил Асани, учествуваше на 21 манифестација - Денови на македонскиот мед, која од денес до недела ќе се одржува во центарот на Скопје на улица Македонија. Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение Матица од Скопје.
Учество на првата GF-TADs Регионална конференција на постојани групи на експерти за приоритетни прекугранични болести кај животните во Европскиот регион во Белград
Станува збор за инвестиција вредна 115 милиони евра која ќе отвори 230 нови работни места, како и многу можности за домашните компании и земјоделци да станат дел од синџирот на Лидл.
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни - RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно се вклучи во симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес - „Хуманитарен одговор 2023”, која денес се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.