Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Заштитете ги и животните од поплави
Имајќи ја во предвид состојбата со поплавите на територија на Република Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви препораки до сопствениците и одгледувачите на животни во поглед на заштитата и благосостојбата на животните.
-Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните.
Потенцијални опасности и болести кај животните по поплавите
Тетанус - болест на која се подложни сите животни, но, посебно коњите, овците и козите. Животните кои имаат рани истите треба да се третираат и да се вакцинираат.
Ботулизам - Токсинот на Cl. Botulinum се размножува во распаднати лешови или во зеленчукот и може да го загади изворот на водата. Посебно чувствителни на оваа болест се коњите и птиците. Карактеристична клиничка слика е појава на парализа, а болеста започнува со слабост и потешкотии во земањето и голтањето на храната. Превентива е спречување на распаѓање на лешови и зеленчук.