Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Врз основа на член 6 став (1) и (2) од Законот за ветеринарно – медицински препарати (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/10, 136/11, 149/15 и 53/16), Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија објави оглас за прибирање понуди за избор на надворешни членови во Комисијата за ветеринарно медицински препарати.
Одржан вториот состанок на Националниот совет за безбедност на храната
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседавач и членовите на Националниот совет за безбедност на храната и храната за животни го одржаа вториот состанок на ова тело кое обезбедува научна и техничка поддршка во работата на Агенцијата. На состанокот беа разгледани три актуелни теми во европски и светски рамки – има или не и колкав е ризикот од употребата на инсектицидот Фипринил, секогаш актуелната тема за ГМО храната, за која науката, институциите и бизнис секторот треба да отворат широка дебата, како и темата која од година во година станува се поактуелна, а која непосредно се однесува и ги засега и луѓето и животните – антимикробната резистентност.
Опасноста од птичји грип помала, но, сѐ уште актуелна
При крај е процесот на миграција на птиците преселници, но, се уште постои опасност од пренесување на вирусот на болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), која е присутна во регионот. На сила остануваат воведените забрани за увоз на жива живина, производи и нус производи од живина од регионите каде во соседна Бугарија каде кон крајот на минатиот месец беше потврдено последното позитивно жариште на болеста, како и забраните за увоз од неколку европски земји.
ФАО, СЗО И ОИЕ заедно ќе се борат против антимикробната резистентност
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) постигнаа согласност да ги интензивираат заедничките активности за борба против заканите по здравјето на луѓето, животните и животната средина.