Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

И годинава АХВ дел од светскaта кампања за борба против беснилото

28.09.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и оваа година се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светскиот ден на борба против беснило - 28 септември. По тој повод, утре, сабота, 29 септември 2018 година, пред Школка во Градски парк, од 10:30 до 13:00 часот, Агенцијата во соработка со Ветеринарната комора на Македонија од организира промотивно – едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото и важноста за вакцинација на домашните миленици како една од превентивните мерки за спречување на ширење на оваа болест која е опасна и за човекот.

АХВ има прецизна евиденција за бројот на домашни миленици

27.09.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство, најостро ги демантира наводите изнесени во текстот “Никој не го контролира чипирањето на кучиња” објавен во вчерашното издание на дневниот весник Нова Македонија. Како повикана институција и за здравствената заштита и благосостојбата на животните, вклучително и за домашните миленици, одговорно тврдиме дека евиденција има и таа, Агенцијата за храна и ветеринарство секојдневно ја ажурира.

Бактериска загаденост на храната, причина за труењето во Виница

26.09.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од извршените лабораториски испитувања од страна на Центарот за јавно здравје Кочани, на земените мостри од храна – (мајонез салата и мајонез), од сендвичарницата во Виница, каде викендов се случи труење со храна. Лабораториските испитувања потврдија дека земените мостри не одговараат на Правилникот за посебните барања за безбедност на храната кои се однесуваат на микробиолошките критериуми.

На ГП Блаце пуштени во употреба нови објекти за вршње на ветеринарни и фитосанитарни контроли

25.09.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес на граничниот премин Блаце, ги пуштија во употреба двата нови современи објекти за вршење на ветеринарни и фитосанитарни инспекциски контроли на стоки кои се увезуваат, извезуваат или кои транзитираат низ Република Северна Македонија. Објектите се изградени со финансиска поддршка на Европската унија во рамки на Инструментот за предпристапна помош ИПА 2 2015 година, чии корисници се Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство, а вкупната вредност изнесува 700.000 евра.

Се чека потврда на причината за труењето со храна во Виница, првичните наоди упатуваат на бактериска загаденост

25.09.2018
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат, викендов во Виница, извршија вонредна инспекциска контрола во угостителски објект – сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA