Во јануари спроведени 5103 инспекциски контроли
Врз основа на воспоставениот интегриран систем на контрола, со цел елиминирање на можнoста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на правата на потрошувачите, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во јануари годинава, спроведоа вкупно 5103 инспекциски надзори. Од нив, 3790 редовни, 488 контролни и 825 вонредни контроли.