Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Aгенцијата за храна и ветеринарство подготви информација за потрошувачите за безбедно ракување и чување на храната во однос на бактеријата Listeria monocytogenes. Листериозата е заболување кое е предизвикано од бактеријата Listeria monocytogenes. Иако заболувањето листериозата ретко се јавува, тоа честопати е сериозно, со високи цени на болнички третман и висока смртност.
Спречен увоз на свинско заразен со вирус на африканска свинска чума
Во рамки на спроведувањето на превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума, со задолжително земање на мостра од секоја увозна пратка свинско месо, без оглед дали таа потекнува од региони или земји кои се слободни од болеста Африканска свинска чума, Агенцијата за храна и ветеринарство детектира присуство на вирусот на оваа болест во замрзнато свинско месо по потекло од Шпанија.