Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

АХВ дел од првиот ветеринарно - медицински конгрес

15.03.2019

Во организација на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија и Бугарскиот ветеринарен сојуз, денес и утре во Струмица се одржува првиот меѓународен ветеринарно -медицински конгрес на кој учествуваат високи претставници од македонските и бугарските ветеринарни власти и еминентни професори од двете земји. На конгресот ќе бидат разменети сознанија и искуства од областа на ветеринарната медицина со акцент на најновите научни достигнувања во справувањето со зоонозите.

Демант:АХВ вработува и работи исклучиво по високо професионални стандарди

15.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите во денешното соопштение на политичката партија Алијанса на Албанците, во кое тенденциозно, водени од политиканство, со цел собирање на ситни политички поени во пресрет на претстојните претседателски избори, неосновано ја обвинува Агенцијата за како што се истакнува во соопштението, континуирано дискриминирање на Албанците.

Експерти од СЗО ја посетија Агенцијата за храна и ветеринарство

15.03.2019

Претставници на експертските групи на Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамки на нивната работилница за заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник која се одржува во Скопје, ја посетија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на посетата е детално запознавање и презентирање на активностите кои Агенцијата ги презема во областа на јавното здравство, здравствената заштита на животните, особено во делот на превентива и контрола на зоонозите, безбедноста на храна и антимикробната резистенција.

Почна четвртата фаза од регионалната кампања за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”

14.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, денес од Охрид, ја почна реализацијата на четвртата фаза од едукативната кампања за одговорно сопствеништво која под мотото “Биди неговиот херој” која од 2016 година се реализира како дел како дел од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво.

Комисијата за заштита и благосостојба на животните одржа работен состанок

13.03.2019

Комисијата за заштита и благосостојба на животните која врз основа на Законот за заштита и благосостојба на животните ја формира Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера одржа работен состанок на кој беше подготвен и разгледан нацрт текст на Правилникот за регистрација на сопствениците на куче, одгледувачниците и продавниците на домашни миленици.

 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA