Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, денес, во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните - WOAH за Европа, со мандат од 3 години.
Сертификациското тело Quality Austria по трет пат и го додели меѓународниот сертификат за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство за воспоставениот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот ИСО 9001 : 2015.
Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот, почнувајќи од системските процеси на преиспитување на врвното раководство, контекстот на Агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни, оперативните ризици во процесите преку FMEA методологија, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка и дефинирани неусогласености, анализа на задоволство на корисниците на услуги, како и мерките за континуирано подобрување.
Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија денеска учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија”
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно е вклучена во подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и уништувањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.
Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки и корисници на услугите на АХВ.
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) будно ја следи ситуацијата во однос на појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19) од кој се зафатени голем број земји ширум светот. Во моментов не постојат научни докази дека храната претставува извор или преносител на овој вирус.
Во отсуство на идеи како да ја пополни дневната партиска агенда, во услови кога се преземаат сериозни мерки за спречување на ширење на вирусот Ковит 19, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува да ја манипулира и заплашува јавноста.