
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповест и повикува на совесно и безбедно празнување. Најавува дека во наредниве денови ќе се интензивираат контролите во кланиците и во делот на спречување на нелегално колење жив...
Македонија и Албанија ќе ја јакнат соработката на полето на безбедноста на храната
Унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија на полето на безбедноста на храната из здравствената заштита и благосостојбата на животните, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски со високи претставници од секторите за безбедност на храна, здравствена заштита и благосостојба при Министерството за земјоделство и рурален развој и Директоратот за безбедност на храна на Република Албанија.
Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам, одржа работен состанок со претставници на Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи и општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, со цел координирање на активностите на секоја од институциите, за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојба на животните.
Унапредување на соработката со Република Србија од областа на безбедност на храната
Со цел унапредување на соработката во делот на лабораториските анализи од областа на безбедност на храната, како и подобрување на трговската размена на македонските и српските месни производи, денес, 16 јули 2021, Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-н Николче Бабовски, беше домаќин на делегацијата од Република Србија...