Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрече инспекциската служба на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна.
Експертската група за болеста африканска чума кај свињите формирана од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера одржа работен состанок во Агенцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, денес во Гевгелија ја одржаа еднодневната специјализирана обука за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите.
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило.
Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија.
Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ “Димо Хаџи Димов”, денес, повторно земаа брисеви од работните површини во кујната, со цел утврдување на најзината безбедност.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира изнесените наводи објавени во неколку интернет портали дека учениците сместени во средношколскиот интернат “Здравко Цветковски” во Скопје, се хранат со оброци во кои има бубашваби.