Презентирани новините во Годишната програма за здравствена заштита на животните
Kоординација на активностите во спроведувањето на ветеринарни активности од јавен интерес и реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2020 година на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утврдување и анализа на проблемите во секторот за здравствена заштита на животните, разгледување на Правилникот за евиденција на ветеринарно медицински препарати и дискусија на актуелни прашања во ветеринарната дејност, се дел од темите на кои на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, денес дискутираа претставниците на АХВ и членките на Ветеринарната комора.