Одржан вториот состанок на Националниот совет за безбедност на храната
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседавач и членовите на Националниот совет за безбедност на храната и храната за животни го одржаа вториот состанок на ова тело кое обезбедува научна и техничка поддршка во работата на Агенцијата. На состанокот беа разгледани три актуелни теми во европски и светски рамки – има или не и колкав е ризикот од употребата на инсектицидот Фипринил, секогаш актуелната тема за ГМО храната, за која науката, институциите и бизнис секторот треба да отворат широка дебата, како и темата која од година во година станува се поактуелна, а која непосредно се однесува и ги засега и луѓето и животните – антимикробната резистентност.