При држење на фармски животни сопствениците и или одгледувачите се должни да ги исполнат општите одредби за заштита на животните пропишани во членовите 5, 6 и 7 од Законот за заштита и благосостојба на животните и општите услови пропишани во членот 2 од Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни.
- Сопствениците и/или одгледувачите на животни треба да се соодветно практично и теоретско подготвени и да имаат соодветни познавања за одгледување на животни и да ги исполнат следните услови:
- обезбедат животните кои се чуваат на начин во кој нивната благосостојба зависи од честата посета на човекот да бидат прегледани најмалку еднаш дневно. Животните во други системи за чување треба да се прегледуваат во интервали доволни да се избегне секое страдање и
- обезбедат соодветна ветеринарно медицинска грижа за животните.
- Повредените или болните животни треба веднаш да се згрижат и да се сместат во посебни, суви и удобни лежишта
- да води евиденција за секој укажан медицински третман на животните и бројот на најдени угинати единки на секој преглед. Евиденцијата треба да се чува најмалку три години и треба да биде достапна на надлежниот орган при вршење на преглед.
- Формата, конструкцијата и одржувањето на живеалиштата, објектите и опремата за животните мораат да бидат такви за да може да се одржуваат на лесен и хигиенски начин и да ја ограничат опасноста од појава на болести или трауматски повреди на животните.
- Инсталациите, загревањето и вентилацијата на објектите треба да обезбедат циркулација на воздухот, ниво на прашина, температура, релативна влажност и концентрација на гасови во граници во кои нема штетно да делуваат на животните
- Доколку здравјето и благосостојбата на животните зависат од вештачка вентилација, потребно е да се обезбеди резервен систем со кој ќе се гарантира доволна вентилација на воздухот заради зачувување на здравјето и благосостојбата на животните во случај на откажување на вентилацискиот систем како и аларм кој ќе алармира во случај на дефект.
- Опремата која се користи и која може да има влијание на здравјето и благосостојбата на животните треба да се прегледува најмалку еднаш дневно
- На животните треба секојдневно да им се обезбеди вода за напојување со соодветен квалитет и соодветна, хранлива, хигиенска и избалансирана добиточна храна во согласност со нивната старост и вид заради одржување на здравјето и физиолошките потреби
- Осакатување на животните е забрането.
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни може да го превземете тука