Над една третина од глобалниот извоз на земјоделски производи ги преминува границите најмалку двапати пред да стигне до крајниот потрошувач. Комплексноста на синџирите за снабдување со храна и зголемената важност на глобалната трговија со земјоделски производи создаваат нови и уште поголеми предизвици за управување со безбедноста на храната. Географски диспензираната храна која е произведена, преработена и дистрибуирана од повеќе претставници може да претставува зголемен ризик по однос на безбедноста на храната. Следењето на потеклото на небезбедната храна е исто така покомплексно и одзема многу време. Поради оваа причина, многу земји имаат имплементирано поригорозни системи за контрола на увоз на земјоделски производи, додека на многу други им е потребна помош за да ги развијат.
За таа цел, Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации (ФАО) разви упатство како дел од проектот насловен „Дигитални решенија за поддршка на подобрени системи за официјална контрола на храната“. Целта е да се обезбедат насоки за дизајнирање и имплементација на електронски системи (е-известување) за контрола на храната, приспособени на националните потреби и ресурси. Ова упатство ја вклучува правната основа на системот, неговата структура и оперативни параметри, како и барањата за инфраструктура и човечки ресурси.
Упатството е достапно на следниот линк: