Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

И учениците од скопската гимназија Георги Димитров беа едуцирани за штетните последици од конзумирањето енергетски пијалоци

24.10.2025
Ученици од скопската гимназија Георги Димитров

Енергетскиот пијалок не смее да се меша со алкохол, забрането е да го консумираат деца и млади луѓе до 18 години возраст, како и лица преосетливи на кофеин, беше потенцирано на работилницата за едукација на учениците од скопската гимназија Георги Димитров, кои беа посетени од претставниците на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на спроведувањето на владината програма за заштита на потрошувачите. Вработените од АХВ ги едуцираа учениците на што да внимаваат кога купуваат спортска храна и додатоци во исхрана, како и од каде да купуваат електронски храна како и на што да внимаваат кога го читаат означувањето на производите.

- При консумирање на поголеми количини енергетските пијалоци настануваат сериозни здравствени последици, кои можат да бидат транзиторни или минливи како вознемиреност (анксиозност), главоболка и несоница, кои можат да преминат во хронични состојби. Последиците  од користење на енергетските пијалоци може да се јават и подоцна во животот на младиот човек и да предизвикаат проблем со кардиоваскуларниот систем. Посериозни  здравствени последици кои можат да настанат се неправилен срцев ритам, срцев удар и др.
  – потенцираше Радмила Ј. Николовска, државен советник во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Темите кои беа обработени, а кои учениците ги следеа со големо внимание се однесуваа на означување на храната, употреба на спортска храна и додатоци во храната, дали вишокот на протеини може да биде и штетен.

 

1

 

- Само 60 проценти од внесените протеини се разградуваатат, а другите 40 проценти ќе поминат во дебелото црево неразградени и неискористени каде под дејство на бактериите се распаѓаат и се создаваа амонијак и други штетни материи што треба црниот дроб дополнително да го оптоварат за да ги отстрани
  – потенцираше Жанета Мијоска, в.д раководител на Сектор за храна од неживотинско потекло.

Светлана Колариќ, државен советник во Агенцијата за храна и ветеринарство упати апел до учениците да бидат совесни како потрошувачи и да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната, разни чаеви за слабеење и слично преку социјалните мрежи и веб платформи на нерегистрирани /неодобрени оператори, бидејќи производите кои таму се нудат можат да бидат небезбедни за нивното здравје.

- Онлајн купување на додатоци во исхрана, спортска храна и енергетски пијалоци може да биде опасно по здравје на човекот бидејќи некои производи може да содржат недозволени состојки кои не се означени, а кои се штетни за потрошувачот.
  – објасни Колариќ.

Никола Савовски, в.д раководител на Секторот за проценка и комуникација со ризик АХВ објасни дека инспекциските служби на АХВ вршат контроли на работењето на одобрените/регистрираните оператори со храна и со додатоци во храната, односно, на сите компании кои се  дел од легалниот синџир на производство и трговија, вклучително и на оние кои вршат електронска продажба на своите производи.

 

2

 

Савовски ги повика учениците за сите неправилности кои ги забележуваат при купувањето на храна, спортска храна или кога електронски купуваат храна да пријават на бесплатниот телефонски број на Агенцијата 0800 3 22 22.
Според планираното, АХВ ќе одржи вакви работилници наменети за средношколците и во други градови во земјава. Едукацијата се спроведува согласно Програмата на Владата за заштита на потропшувачите.
 

Ознаки
Категорија