Заеднички ФАО/СЗО експертски комитет за адитиви во храната
95ти состанок (евалуација на безбедноста на одредени прехранбени адитиви)
Од 06 до 17 јуни 2022 година, виртуелно, се одржа 95ти состанок на Заедничкиот ФАО/СЗО експертски комитет за адитиви во храната (Joint Food and Agriculture Organization (FAO)/World Health Organization (WHO) Expert Committee on Food Additives (JECFA). Целта на состанокот беше проценка на безбедноста на одредени прехранбени адитиви и ароми, односно:
- дополнително да се елаборираат принципите со кои се регулира евалуацијата на адитиви во храната;
- да се преземаат проценки за безбедноста на одредени прехранбени адитиви;
- ревизија и подготовка на спецификации за одредени прехранбени адитиви; и
- утврдување на спецификации за одредени ароми.
Комитетот ја оцени безбедноста на девет прехранбени ензими, ги ревидираше спецификациите за еден додаток во исхраната и ја оцени безбедноста на две ароми.
Извештајот од состанокот ќе биде објавен во Серијата технички извештаи на СЗО и истиот ќе ги сумира главните заклучоци на Комитетот во однос на прифатливиот дневен внес (ADI) и други информации за токсиколошка и диететска изложеност и препораки за безбедност. Исто така, во извештајот ќе бидат вклучени и информации за дискусиите и заклучоците во однос на спецификациите за идентитетот и чистотата на одредени прехранбени адитиви испитани од Комитетот, како и спецификациите за аромите.
Повеќе информации за работата на JECFA се достапни на: