Жени во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот на КОВИД-19
Меѓународниот ден на жената е ден за славење на социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените, истовремено упатувајќи повик за акција во насока на зајакнување на родовата еднаквост и забрзување на „моќта на жените“.
Темата во 2021 година: „Жени во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот на КОВИД-19“ ги слави напорите на жените и девојките ширум светот да формираат порамноправна иднина и закрепнување од пандемијата КОВИД-19.
Пандемијата КОВИД-19 диспропорционално влијаеше врз жените и ја влоши постојната состојба преку намалување на нивните економски можности и пристап до храна богата со нутритивни состојки, а истовремено го зголеми нивниот обем на работа, а ескалираше и насилството врз жените.
Денес, агенциите со седиште во Рим (ФАО/Кодекс Алиментариус) им оддаваат почит на жените лидери, млади и стари, од различно социо-економско потекло кои работат на воведување промена, градење еднакво општество за сите и подобрување на процесите на донесување одлуки во корист на сите.
📽️ | On #IWD2021 we celebrate women’s achievement in Codex to ensure #FoodSafety and a level playing field for trade through international standards.
— Codex Alimentarius (@FAOWHOCodex) March 8, 2021
#InternationalWomensDay @UN_Women pic.twitter.com/98FhT4Ggpd