Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Кодекс комитет за општи принципи Франција - Организацијата е клуч за градење успешен виртуелен настан

26.02.2021
Кодекс комитет за општи принципи Франција - Организацијата е клуч за градење успешен виртуелен настан

Во организација на Секретаријатот на Кодекс Алиментариус (во натамошниот текст Кодекс) и домаќинот на овој комитет, Франција, од 07 до 17 февруари 2021 година се одржа 32та сесија на Кодекс Комитетот за општи принципи, на која  учествуваа и претставници од Република Северна Македонија.

Земјите ширум светот го следеа Францускиот секретаријат, домаќин на Кодекс Комитетот за општи принципи,  првото помошно тело на  Кодекс што се состана виртуелно, со што започна  серијата технички состаноци на Кодекс што ќе се одржат во 2021 година. Претходно, Извршниот комитет на Кодекс веќе покажа дека состаноците на помали групи може да се водат на овој начин, а првата досега виртуелна Комисија на Кодекс Алиментариус во 2020 година покажа дека собири на високо ниво се исто така можни со поголем број учесници- регистрирани над 900 делегати. Сепак, следниот предизвик со кој се соочи Кодекс беше разгледување на текстовите што се во фаза на изготвување, како и да види со какви можности и предизвици ќе се соочат делегатите при учество на виртуелен состанок. 

„Задоволни сме што го реализиравме овој проект и се соочивме со предизвиците и во формата и во суштина“

, рече портпаролот на Францускиот Секретаријат. Имаше многу први на сесијата; логистичките предизвици за состанокот одржан виртуелно на три јазици, одржувањето придружен настан, како и изготвувањето на материјали за делегатите на сосема нов начин. Повеќе од 300 делегати се приклучија на сесиите, одразувајќи го интересот на глобалната заедница за работата на Кодекс комитетот.

„Воодушевени сме што успеавме во нашата мисија и им се заблагодарувам на сите од организацијата и луѓето кои учествуваа во оваа голема авантура“

рече портпаролот.
Задачата да биде претседател на оваа револуционерна сесија му беше доделена на Жан-Лук Анго од Министерството за земјоделство и храна.

„Да, постигнување консензус на виртуелна сесија на комитет е можно;“

рече тој, коментирајќи ја и потребата да се најде вистинската рамнотежа помеѓу времето за дискусија и индивидуалните интервенции.

„Рекордните бројки илустрираат дека виртуелниот модалитет може да го зголеми учеството, а со тоа и инклузивноста во работата на Кодекс“

рече Хилде Круз од Секретаријатот на Кодекс.

Честитајќи му на францускиот тим за успехот, Крузе истакна:

„Делегатите сè повеќе се навикнуваат на виртуелни состаноци и комитетот ја исполни својата агенда. Важна научена лекција беше вредноста на подготвителната работа - од логистика и аудиовизуелна до достапност на документи и комуникација”.


Повеќе информации за настанот може да се прочитаат на следниот линк: