Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Мај 2025

Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните

13.05.2025
Преку Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Македонија, од вчера и официјално стана дел од единствената глобална платформа за управување со податоци за здравјето на животните. Таа ги интегрира информативните системи за нотификација на болестите кај животните на Европската комисија (ADIS) како центар за управување со податоците за здравјето на животните во Европската унија (ЕУ) и  Светскиот информативен систем за здравје на животните (WAHIS)

Изречена времена мерка –забрана за вршење дејност на прифатилиште за бездомни кучиња

06.05.2025
По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во стационар - прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко.

И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ

04.05.2025
Казни во вредност од осум илјади триста и педесет евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет оператори со храна – месарници за утврдени недоследности во работењето

Во Кавадарци отворен регионалниот стационар за бездомни кучиња “Шепа”

02.05.2025
Денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со владината делегација предводена од Премиерот на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, присуствуваше на отворањето на Регионалниот центар за згрижување на бездомни животни и ветеринарно здравство во општина Кавадарци “Шепа”.