Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Штетните последици од употребата на енергетските пијалaци во фокусот на интерес на средношколците од Струга

14.05.2025
Штетните последици од употребата на енергетските пијалaци во фокусот на интерес на средношколците од Струга

Употребата на енергетските пијалаци и спортската храна е темата која предизвика голем интерес и интеракција меѓу учениците од средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.

Тие учествуваа на едукативната работилница на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која се одржа во рамки на Програмата на Владата за заштита на потрошувачите.

Преку интерактивна презентација, присутните ученици се запознаа со основните принципи на безбедност на храната, означувањето на прехранбените производи, балансираната исхрана со фокус на потенцијалните ризици поврзани со прекумерна или неконтролирана употреба на спортска храна и енергетски пијалаци, од аспект на заштита на сопственото здравје како потрошувачи.

Учениците да бидат совесни како потрошувачи и да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната, разни чаеви за слабеење и слично преку социјалните мрежи и веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, бидејќи производите кои таму се нудат можат да бидат и штетни за нивното здравје
- беше потенцирано на работилницата.

Со оваа активност се потврди континуираната заложба на Агенцијата за храна и ветеринарство за едукација на потрошувачите и подигнување на свеста за важноста од правилно информирање при купување и користење на храната.
 

Ознаки
Категорија