Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДПТУ Нестле Адриатик Македонија со седиште на Бул.8-ми Септември бр.16 дел центар Хипериум Скопје врши отповикување на следниве небезбедни производи:
NAN LACTOSE FREE NLNWB333 12х400гр. RO
-Лот 51520346АЕ
-Рок на траење 30.06.2027
NAN CONFORT 1 LR DENWHSPB290 6х800гр. ES
-Лот 52620742F2
-Рок на траење 31.07.2027
Причина за отповикувањето - присуство на цереулид продуциран од Bacillus cereus во формула за доенчиња со потекло од Холандија и Германија.
По спроведен инспекциски надзор на операторот (увозник) врз основа на добиена нотификација преку RASSF window системот на ЕУ за пласиран небезбеден производ, утврдено е дека на пазарот во РСМ не се пласирани производи од наведената нотификација.
Производите од двата наведени лота се реекспортирани преку Аулони СХПК, Република Косово.
Во врска со Ваша нотификација со референтен број 2025.9962 присуство на цереулид продуциран од Bacillus cereus во формула за доенчиња со потекло од Холандија и Германија утврдено е:Операторот ДПТУ Нестле Адриатик Македонија со седиште на Бул.8-ми Септември бр.16 дел центар Хипериум Скопје има увезено производ NAN LACTOSE FREE NLNWB333 12х400гр. RO со Лот 51520346АЕ рок на траење 30.06.2027, во три увоза и тоа на 21.08.2025,на 23.09.2025 и на 27. 10.2025 со вкупна количина 174 картони од по 12 парчиња по 400гр.истите се реекспортирани во Аулони СХПК,Косово.
Производот NAN CONFORT 1 LR DENWHSPB290 6х800гр. ES со Лот 52620742F2 рок на траење 31.07.2027 увезени се на 25.11.2025 во количина од 9 кутии од по 6 парчиња по 800гр. истите се реекспортирани во Аулони СХПК,Косово. Приложени документи за движење на посочените производи.На пазарот во РСМ нема пуштено во промет производи од наведената нотификација.