Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна “ДЕМАКС НОВА ИНТ” дооел, од пазарот врши отповикување на производот:
Назив на производот:
- KIDZ OMEGA LIQID 200ml – HealthAid Ltd
Сериски број/лот- B.N. 1260A
Рок на употреба: 06/2023
Причина за отповикување: мала промена во вискозитетот (густината) на производот и отежнато користење (потешко истекува од шишенцето).
Производител: HealthAid Ltd UK
Увозник во РСМ: “ДЕМАКС НОВА ИНТ” дооел Скопје
Дистрибутер во РСМ: “Ино - Медикс” дооел Скопје
Потрошувачите не треба да го консумираат производот.
Набавениот производ може да го вратат во продавницата од каде што ги купиле.
Категорија