Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го демантира објавениот напис на интернет порталот news24.mk - “Намирници полни со пестициди на македонските пазари:листа со 12 најотровни” со кој свесно, без аргументи се дезинформира македонската јавност дека овошјето и зеленчукот кој се продава во Република Северна Македонија е небезбедно и полно со пестициди.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува операторите со храна дека преку Министреството за надворешни работи на Република Северна Македонија, добиено е известување од дипломатско конзуларното претставништво на Федерална Република Бразил во Софија, Република Бугарија, дека на компанијата Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во Република Северна Македонија и е одземена лицернцата за извоз.
Бидејќи станува збор за болест која има специфичен начин на ширење, односно најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за нејзин резервоар, до одгледувачите на живина и до ветеринарните друштва дадени се насоки кои биосигурносни мерки треба да се преземат на фармите и какви мерки за заштита треба да преземат категориите на лица кои се изложени на ризик, бидејќи станува збор за болест од која првенствено заболуваат птиците, но и луѓето.

Сопствениците на животни да го пријават секое угинато или исчезнато грло на матични

Стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион, по поплавите, активно работат на отстранување и закопување на угинатите животни.
За време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите.
Македонија добро се справува со болеста Јазлеста кожа, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски за ТВ Канал 5 по првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со меѓугранични болести кај животните, организиран од страна на Светската здравствена организација, поддржана од Европската комисија кој во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на регионалниот проблем за справување со болеста јазлеста кожа и на него беа присутни сите балкански земји.
Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста Чвореста Кожа кај говедата денеска пристигна во Република Северна Македонија.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство се постојано на терен во поплавените региони. Покрај извлекувањето на домашните животни, донирањето на сточна храна за истите, извршени се и превентивни контроли, едукативни посети на на операторите со храна кои претрпеа штети од невремето и чии објекти беа поплавени на кои е укажано како да се изврши чистење и дезинфекција на објектите пред да се почне повторно со работа.
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиште, заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло, со цел да се спречи ширењето на болеста Чвореста кожа кај говедата која се појави и во Република Северна Македонија.