Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство е прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015 за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата. Аудитори од сертификациското тело МКС, дел од меѓународната групација Quality Austria, на 12 и 13 февруари, по спроведената проверка за усогласеност со барањата на ISO 9001:2015 стандардот за управување со квалитет дадоа позитивна оценка за сработеното и го ресертифицираа Системот за квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни количини млеко и над 600 млечни производи на компанијата „Лакталис“ за кои Француската влада соопштила дека се повлекуваат од продажба поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела.
Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед и претставници од Одделението за заштита на потрошувачите, денес одржаа работен состанок со првите луѓе на Организацијата на потрошувачи на Македонија, здружението на агроновинари на Република Северна Македонија Медиа плус и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит. Претставниците на невладиниот сектор го образложија проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија, кој заедно го реализираат трите невладини организации.
Теренски прирачник на ФАО за ветеринари за болеста Чвореста кожа е сега достапен на шест јазици да помогне во превенирање и контрола на оваа болест кај говедата која зема замав во Европа од 2015 година. Ова е надополнување на неодамна спроведената обука за обучувачи во Македонија со помош на ФАО, за болеста која исто така ги напаѓа преживарите - Син јазик.
На 20 јануари 2018 година во Берлин, Германија се одржа десеттиот Глобален форум за храна и земјоделство на кој учествуваше и г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. На Глобалниот форум учествуваат вкупно 69-те делегации на министри кои до генералниот директор на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) доставија документ со предлози за преземање активности во насока на дефинирање иднината на поодржливо, одговорно и ефикасно сточарско производство.
Состојбата во струшкото село Мороиште е мирна и будно се следи. До овој момент, сите земени брисеви за утврдување птичји грип се негативни, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Денеска, информира Поповски, се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри. За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.
Во струшкото село Мороишта каде е потврдено присуство на болеста Птичји грип од типот АH5N8, продолжуваат активностите на стручните тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство за убивање и нештетно отстранување на живината, со цел спречување на ширење на вирусот на Птичји грип. Отштета за одземената и уништена живина од државата ќе добијат сите сопственици на птици и живина, согласно извршениот попис во домаќинствата.
Во насока на подобрување на услугите кои ги даваат ветеринарните друштва на одгледувачите на добиток и домашни миленици и обезбедување на адекватна здравствена заштита на животните согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2018 година, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, на иницијатива на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, во петокот одржа работен состанок со претставници на ветеринарните друштва од земјава.
Агенцијата за храна и ветеринарство почна со спроведување на активности за добивање на дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Оваа и идната година ќе се зајакнуваат биосигурносните мерки на фармите, а од 2020 година предвиден е престанок на вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума, по што, ќе побара од Европската унија, Република Северна Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар.
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за отпочнување на јавна консултација во однос на нацрт упатство за анализа на ризик при примена на нанонаука и нанотехнологија во ланецот на храна и храна за животни.