За безбедна новогодишна трпеза, граѓаните да купуваат храна од регистрирани оператори
Во пресрет на новогодишните празници, а со цел спречување на евентуална продажба на небезбедна храна на граѓаните во услови на зголемена продажба и потрошувачка, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна на македонскиот пазар. Од почетокот на годинава досега извршени се вкупно 55.820 контроли кај операторите со храна. Како небезбедни, поради поминат рок на употреба, микробиолошка неисправност, неправилно означување и декларирање, поништени или вратени се вкупно 237.774 килограми небезбедна храна.