Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

МИА:Ги преброивме коњите и магарињата, уште да ги чипираме

07.05.2019
Инфективната анемија го вклучи алармот. Ако не се појавеше, пребројувањето и обележувањето на копитарите во земјава ќе почекаше – до почетокот на преговорите за членство во ЕУ, како што предвидуваа надлежните. Но, болеста не само што им го изјалови планот, туку и ја забрза целата постапка.

АХВ спроведе обука на цариниците за контрола на миленици и личен багаж на граничните премини

25.04.2019
Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, за потребите на Царинската управа на Република Северна Македонија, во вторникот одржаа обука за спроведување на контроли при увоз и транзит на домашни миленици за некомерцијални цели и контрола на личниот багаж при влез во нашата држава.

Кампањата за одговорно сопствеништво во кумановско Лопате

25.04.2019
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина продолжуваат со реализација на активностите во рамки на едукативната регионална кампања за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”.

АХВ домаќин на регионалната работилница “SIGMA проект и собирање податоци за зоонози и нивно репортирање во EFSA”

23.04.2019
Под покровителство на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), денес и утре во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде домаќин на регионална работилница “SIGMA проект и собирање податоци за зоонози и нивно репортирање во EFSA”.

Во првите три месеци од годинава АХВ направи 16.578 инспекциски контроли

23.04.2019

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во првите три месеци од годинава спроведоа вкупно 16.578 инспекциски контроли, од кои 11.761 редовни, 1.464 контролни и 3.353 вонредни контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1.769 мерки. Донесени се 1.216 решенија, спроведени се 499 едукации на операторите со храна, изречени се 5 мандатни казни и поднесени се 13 прекршочни пријави. 

Директорот на АХВ Зоран Атанасов избран за член на Извршниот комитет на ЕУ ФМД

19.04.2019
На 43 собрание на Генералното собрание на Eвропската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап (EuFMD) при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО, кое на 17 и 18 април се одржа во Рим, Италија, директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов беше избран за еден од шесте члена на Извршниот комитет на Комисијата.

АХВ ги засили инспекциските контроли пред Велигден

19.04.2019

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна. Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари.

Демант:Штипското прифатилиште одобрено согласно законските одредби за заштита и благосостојба на животните

18.04.2019

Aгенцијата за храна и ветеринарство остро реагира на соопштението кое денес до медиумите го испрати здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди,, во кое неосновано се обвинува нашата институција дека спротивно на законските и подзаконските акти од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните издала одобрение за отворање на прифатилиште за бездомни животни во Штип.

ФАО издаде нов прирачник за Африканска свинска чума

17.04.2019

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) издаде нов прирачник за здравјето на животните: Африканска свинска чума: откривање и дијагноза – Прирачник за ветеринарите, достапен и на македонски јазик и албански јазик. Целта на овој прирачник е на ветеринарните техничари и лабораториските дијагностичари да им ги обезбеди потребите информации за брзо дијагностицирање и реагирање при епидемија или случај на Африканска свинска чума.

Реакција: Нема непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциските контроли на гарничните премини

17.04.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира изнесените наводи во медиумите за непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциски контроли на граничните премини Ќафасан и Табановце. Согласно законските одредби, при извоз на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари не вршат контроли на граничните премини, туку на местото на утовар на пратката за што издаваат и сертификат. 

Одржан четвртиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни

12.04.2019

Зајакнување на контролите на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, особено на пластичните и креирање на кампањи за подигнување на јавната свест за постоење на можна опасност од миграција на штетни материи од материјалите кои доаѓаат во контакт со храната во самата храна, планира во иднина да реализира Агенцијата за храна и ветеринарство како дел од активностите за контрола на безбедноста на храната и заштита на здравјето на потрошувачите.

АХВ го затвори стационарот Вардариште на 30 дена

06.04.2019

Поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето констатирани со извршената контрола на 19 март годинава, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа мерка за затворање на стационарот “Вардариште” со кое стопанисува јавното комунално претпријатие “Комунална хигиена” - Скопје. На сила е и изречена забрана за заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена.

Почна пролетното вакцинирање на лисиците против беснило

05.04.2019

Со авионско фрлање на вакцинални мамки почна пролетната кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за вакцинација на лисиците против беснило која ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската унија. На целата територија на Република Северна Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки. Апелираме д граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки.

Вакцинацијата и другите контролни мерки ја спречија епидемијата на болеста на чвореста кожа на Балканот

02.04.2019

Европската агенција за безбедност на храна го објави својот годишен извештај за статусот на Болеста на чвореста кожа на територијата на земјите од југоисточна Европа. Согласно најновите наоди, во извештајот се потврдува дека во југоисточна Европа нема појава на нови жаришта на оваа болест во текот на 2018 година. Бројот на појавени жаришта во 2017 година драстично е намален на 385 во споредба со идентификуваните 7,483 жаришта во 2016 година.

АХВ: Во „Лајка“ да има боксови и за коњите заловени на градските улици

01.04.2019

Како дел од активностите за решавање на проблемот со бездомните кучиња, утре во Скопје доаѓаат претставници од британското Кралско здружение за заштита на животни од суровост (RSPCA). Тие, заедно со претставници од Секоторот за благосостојба на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ќе го посетат новоотвореното прифатилиште „Лајка“. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, целта на посетата и соработката е „Лајка“ да се преадаптира во современ објект за прифаќање на кучињата-скитници со соодветни, подобри услови за згрижување.

Во Лозово ќе се гради кафилерија, мршите веќе нема да завршуваат на депонии

29.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува изградба на кафилерија. Фабриката во која ќе се преработуваат нус-производите од животинско потекло, ќе биде лоцирана во Општина Лозово и се очекува да профункционира во 2021 година. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, средствата, околу 9,5 милиони евра, се веќе обезбедени, а ќе бидат достапни од 2020 година.

Претставници на АХВ дел од објаснувачкиот скрининг на ЕУ за заштита на потрошувачите

29.03.2019

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера и денес зедоа учество на објаснувачкиот скрининг за 28 Поглавје - Заштита на потрошувачите и јавно здравје. Преставници од Агецијата преку видео конференција во просториите на СЕП учествуваа на состанокот во делот на темите во кои Агенцијата е партнерска институција односно соработува со релевантните надлежни институции како што се Министерството за економија и Министерството за здравство во делот на заштита на потрошувачите и здравствена заштита на населението.

Ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен за дијагностицирање на бруцелозата

28.03.2019

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денес одржа работен состанок со претседателот на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, Томислав Николовски на кој беше разгледана динамиката на активностите кои ги спроведуваат ветеринарните друштва на терен за реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

Во февруари спроведени 4.997 инспекциски контроли

28.03.2019

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во февруари годинава спроведоа вкупно 4.997 контроли, од нив 3.537 редовни, 452 контролни и 1.008 вонредни. За констатираните недоследности со контролите издадени се 364 решенија за нивно отстранување, изречени се 156 мерки едукација на операторите и поднесени се 8 прекршочни пријави.

Атанасов за МИА: Сакаме да ја сведеме бруцелозата на еден процент во одгледувалиштата

26.03.2019

Од вкупно 16.052 во 2008 година, бројот на заболени овци и кози од бруцелоза лани се сведе на само 373. Нашата цел е намалување на вкупниот број заболени грла на еден процент на ниво на одгледувалиште, односно на 0,05 отсто на индивидуално ниво на целата територија на земјава, вели за МИА директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.