Доставено досието до ОИЕ за прогласување на земјава за слободна од класична чума кај свињите
Агенцијата за храна и ветеринарство денес, до Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ го достави Досието со кое кај оваа светски реномирана организација официјално аплицираше за добивање на статус на Република Северна Македонија за земја слободна од болеста класична свинска чума, една година по донесувањето на решението со кое се прекина превентивната вакцинацијата на свињите против оваа болест.