МИА: Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ Македонија открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско).Месото е повлечено од продажба, информира Македонската информативна агенција МИА, а операторите со храна се парично казнети – со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.