Skip to main content
Агенција за храна и ветеринарство
- Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, каде е видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна.- Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти каде нема видливи промени на водата, се препорачува да се изврши нејзина превентивна дезинфекција.- Редовно да се одржува хигиената на рацете со сапун или средство за дезинфекција, особено по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, особено по чистењето и пред подготовка на храна. - Да се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води.- Целата храна која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува храната да се фрли.- Да се дезинфицираат сите работни површини, како и приборот за готвење и јадење.- Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.- Подготвената храна да не се чува подолго од два часа на собна температура, односно истата треба да се чува на температура пониска од 10 степени Целзиусови.- Да се избегнува контакт на сировата храна со термички обработената храна.- Како дополнителни мерки препорачуваме храната темелно термички да се обработи, особено храната од животинско потекло, додека овошјето и зеленчукот кое обично се користи сирово, сега дополнително да се измие во млака вода, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.- Малите деца се препорачува да се хранат со индустриски подготвена храна.