Почитувани,
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви текст за нов подзаконски акт - Правилник за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики.
Сите заинтересирани субјекти, своите предлози и сугестии за наведениот правилник, заклучно со 11.02.2019 година можат да ги пратат на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство:info@fva.gov.mk.
Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство