Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Рокот за поднесување барања за субвенции и за грло добиток ќе се продолжи до 12-ти јуни

02.05.2018
Агенција за храна и ветеринарство
Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018, наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12.06.2018 година. За таа цел Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе извршат измени на Уредбата за директни плаќања 2018, која што треба да се донесе на седница на Влада, соопшти денес Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.. Првично, пролонгирањето на рокот е по барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјаснија дека нема да имаат време до првичниот рок 15-ти мај да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, што пак претставува услов за поднесување на барања за субвенции говеда, овци и кози. Исто така продолжување на рокот бараа и производителите на лозови калеми, кои посочија дека им е потребно дополнително време за да можат целосно да ја подготват потребната документација за мерката за субвенции за произведени и продадени лозови калеми. Меѓутоа, бидејќи Уредбата за директни плаќања 2018 ги опфаќа сите мерки за субвенции, но и со цел сите земјоделци да имаат еднакви можности и пристап за аплицирање, овој пролонгиран рок важи за мерките за финансиска поддршка за сите земјоделски гранки. Воедно, рокот за аплицирање за субвенции за литар продадено млеко во октомври, ноември и декември 2017 година, наместо до 16-ти мај, ќе се продолжи до 23-ти мај. Пролонгирањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплата на субвенциите, политиките на МЗШВ се навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците и запазување на законскиот рок. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со поднесување на барањата. Во овој период треба да се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици.
Категорија