
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес во Гостивар одржа трибина со претседатели на здруженија на одгледувачи на овци и кози од севрозападниот регион на Македонија.
Новиот циклус обуки за подигнување на свеста за болеста чума кај мали преживари, АХВ го продолжи поради лошата епидемиолошпка состојба со болеста, односно нејзиното масовно ширење во соседна Албанија.
Целта на обуките е едукација на одгледувачите на ситен добиток за полесно препознавање на симптомите на болеста чума кај малите преживари и спречување на нејзино пренесување и ширење на територијата на нашата држава.
Категорија