Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите

23.06.2025
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес во Гостивар одржа трибина со претседатели на здруженија на одгледувачи на овци и кози од севрозападниот регион на Македонија.

Новиот циклус обуки за подигнување на свеста за болеста чума кај мали преживари, АХВ го продолжи поради лошата епидемиолошпка состојба со болеста, односно нејзиното масовно ширење во соседна Албанија. 

Целта на обуките е  едукација на одгледувачите на ситен добиток за полесно препознавање на симптомите на болеста чума кај малите преживари и спречување на нејзино пренесување и ширење на територијата на нашата држава. 
 

Ознаки
Категорија