Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Потенцијално небезбедните коцки за супа не се пуштени во промет, целокупното количество складирано во магацинот на увозникот

01.08.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Во врска со шпекулациите објавени на социјалните мрежи дека на пазарот се продаваат небезбедни производи, Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја информира јавноста дека по добиената нотификација за увезени потенцијално небезбедни производи – говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок  на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година и спроведениот вонреден инспекциски надзор во магацин на компанијата увозник, утврдено е дека целокупното увезено количество од производите со посочените серии и рокови на употреба не е пуштено во промет, односно, потенцијално небезбедните производи се наоѓаат во магацинот на увозникот.

Станува збор за 2.400 парчиња говедска коцка за супа од по 120 грама увезени на 15.07.2024 година и исто количество пилешка коцка за супа увезени на 16.07.2024 година, сите со посочените серии и рокови во известувањето добиено во вторникот доцна попладне, преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845. 

Инспектор за храна на АХВ по спроведениот вонреден надзор на операторот со храна му издаде забрана за пуштање во промет на наведените производи и нареди нивно нештетно уништување на депонија.
 

Ознаки
Категорија