Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Меѓународен систем на ФАО за следење на антимикробна отпорност (InFARM) и ИТ платформа

02.09.2022
amr

Еден од клучните елементи за зајакнување на капацитетот на една земја за надзор и следење на антимикробната отпорност (АМО) и употребата на антибиотици во храната и земјоделството е преку обезбедување стандардизиран пристап за собирање, анализа, толкување и споделување податоци. Во последниве години, различни иницијативи ширум светот се фокусираа и го поддржаа генерирањето податоци за надзор на АМО од секторите храна и земјоделство. Сепак, собраните податоци најчесто не се анализираат или не се користат како основа за донесување одлуки. Главните причини за ова се недостатокот на соодветни системи за управување со податоци, јасна дефиниција на улогите и одговорностите во известувањето за податоците или недостатокот на обучени експерти способни да вршат анализа и толкување.

По усвојувањето на Акцискиот план на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) за антимикробна отпорност 2021-2025 година на 166-та сесија на Советот на ФАО, Организацијата се обврза да развие основа што ќе ги стимулира националните напори за редовно генерирање и анализа на сигурни и споредливи податоци за антимикробната отпорност во храната.  За таа цел, на почетокот на 2022 година ФАО започна да развива прототип за ИТ платформа за следење на антимикробната отпорност  (InFARM). Платформата ќе се развива со одредена група на земји, кои ќе учествуваат во развојот и тестирањето на прототипот на оваа платформа во текот на 2022. Земјите ќе бидат вклучени во пилот тестирање со сопствените податоци.
Повеќе информации се достапни на следниот линк: 
 

 

 

amr

 

Ознаки
Категорија